Трамп: Наскоро го напуштаме Иран, цените на нафтата ќе паднат штом тоа ќе се случи

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД ќе го напуштат Иран за „две или три недели“ и дека цените на нафтата ќе паднат штом тоа ќе се случи, и рече дека нема да има никаква врска со ситуацијата во Ормутскиот теснец и дека земјите што зависат од нафта и гас од Блискиот Исток треба сами да обезбедат премин низ таа поморска рута.

– Што ќе се случи со теснецот – ние нема да имаме никаква врска со тоа, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека другите земји, како што се Кина и Франција, „ќе се погрижат сами за себе“, објави Си-Би-Ес.

Трамп потсети дека САД претходно нуделе воена придружба на танкерите низ теснецот, но дека во последните недели рекол дека товарот за повторно отворање на водниот пат треба да го сносат земјите што зависат од нафтата од регионот.

Тој нагласи дека американските сили ќе ги завршат операциите во Иран „многу брзо“, алудирајќи на рок од две до три недели.

„Сега ја завршуваме работата. Мислам дека ќе ја завршиме за две недели или можеби за еден ден или така. Сакаме да уништиме сè што имаат“, рече Трамп, според Танјуг.

Кога новинарите го прашаа како планира да ги врати цените на нафтата на нивоата од пред конфликтот со Иран, Трамп одговори: „Сè што треба да направам е да го напуштам Иран – и тоа ќе го направиме многу брзо. Потоа цените нагло ќе паднат“, рече тој.

Трамп, исто така, изјави дека САД и Иран разменуваат пораки преку посредници и дека е можно двете земји да постигнат договор пред гореспоменатиот рок, иако Иран негира дека се водат директни преговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк