(ВИДЕО) Рубио: На повидок е крај на војната

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека контактите со Иран се во тек и дека е на повидок крај на војната, нагласувајќи дека постои и можност за директни преговори.

– Разменуваме пораки. Постои можност за директна средба во одреден момент. Секогаш сме отворени за тоа, рече Рубио во интервју за Фокс њуз.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да дозволи „лажни преговори кои служат како тактика за одложување и купување време“.

Иако не сакаше да даде конкретни рокови, Рубио рече дека крајот на конфликтот е на повидок.

„Го гледаме крајот“, рече тој.

Тој исто така нагласи дека американската војска напредува кон остварување на своите цели.

„Ќе стигнеме до точка каде што нашата војска ќе ги постигне сите цели на оваа мисија и тоа го прави со извонредна ефикасност – нешто што мислам дека ќе остане запишано во историјата како една од најдобро спроведените тактички воени операции во модерното време“, рече Рубио.

Во истото интервју, тој го критикуваше и НАТО и рече дека САД би можеле повторно да размислат дали алијансата сè уште ја исполнува својата цел.

Би можело да ве интересира

„Блумберг“: Иран уништи голем дел од американската флота на беспилотни летала

Иран го обнови меѓународниот пристап до интернет

Иран е подготвен да го пренесе збогатениот ураниум во Кина со гаранции од Пекинг

Горан Наумовски

Иран: Ајатолахот Моџтаба Хамнеи е жив и здрав – има само површни повреди

Цените на нафтата паднаа по објавувањето на договорот меѓу САД и Иран

ВИДЕО: Договорот не е неизбежен и нема конкретен рок, порача Иран