Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Од:

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“.

Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда дека блиски членови на нивните семејства биле повредени во несреќи и треба да им се изврши операција, обидувајќи се да ги измами за поголеми суми на парични средства, додека пријавените К.Н. и Г.М. имале задача да ги земат парите, по што Г.М. ги предавал на лице во Софија, Република Бугарија. На тој начин успеале да измамат 81-годишна жена од Неготино за сума од 314.600 денари.

По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода К.Н., кој во службен разговор во целост ги потврдил настаните. Два дена подоцна, на 21.02.2026, на Граничен премин Деве Баир од слобода бил лишен и Г.М., кај кого биле пронајдени и одземени 4400 евра, а кај неговата сопруга, која била со него во возилото, биле пронајдени и одземени 4.350 евра.

Би можело да ве интересира

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски