Трамп се заканува со тотално уништување во Иран: Сè ќе експлодира

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека целосно ќе ја уништи иранската енергетска инфраструктура, островот Харг и постројките за десалинизација доколку „новото“ иранско раководство и САД не постигнат договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец.

„САД се во сериозни преговори со новиот, поразумен режим во Иран за прекин на нашите воени операции. Постигнат е голем напредок, но доколку поради која било причина не се постигне договор наскоро, што веројатно ќе биде, и доколку Ормутскиот теснец не биде веднаш отворен за работа, ќе го завршиме нашиот „убав престој“ во Иран со дигање во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени бунари и островот Харг, а можеби и сите нивни постројки за десалинизација, кои намерно сè уште не сме ги допреле“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth social.

Според него, ова ќе биде одмазда за американските војници кои загинаа за време на 47-те години „владеење на теророт“ на стариот ирански режим.

Би можело да ве интересира

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Раководството на САД е поделено околу продолжувањето на воените операции во Иран

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Иран: Нетанјаху избега од Израел

Горан Наумовски

Иран: Повеќе од 200 американски војници се убиени, многу повеќе се ранети