Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за една изборна единица и гласање на дијаспората одговарајќи на новинарско прашање поврзано со разговорите во рамките на работната група за Изборниот законик.

– Ние сме за една изборна единица и не ги менуваме ставовите и тоа го кажав и на лидерската средба, но да има еден праг што би го договориле со другите политички партии. Во таа една изборна единица логично е да гласа и дијаспората, но проблемот суштински кај гласањето во дијаспората е фактот што одредени дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) се на големо растојание и нема голем интерес. Ова особено се однесува на австралискиот континент и во Северна Америка. Ценам дека доколку би можеле, а тоа зависи од домашното законодавство, да отвориме гласачки места во повеќе средини, а не само во ДКП, така што процесот би бил поуспешен – рече Мицкоски.

Тој појасни дека законски треба да се регулира привремено прогласување екстериторијалност во држави вокои ќе се организира гласање и дека тоа би било само за изборите. Додаде дека Австралија тоа го дозволува.

Запрашан за изјавите на Арбен Таравари од АА, кој излезе од владината коалиција и неговите критики за работењето на „Вреди“, коалициски партнер во Владата, Мицкоски рече дека односите со „Вреди“ се исклучително принципилени за разлика од оние со Таравари.

– Сè уште не можам да му се изначудам на господинот Таравари, кој тагува за Ѓока-бизнисот, кој не му успеа, и во јавноста измислува работи што немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку, јас многупати сум ги коментирал односите во Владата и со нашиот партнер и можам да кажам дека се исклучително принципиелни за разлика од односите што ги имавме со Таравари, кои беа исклучително вовлекувачки од негова страна. Така што, претпоставувам дека тој принцип на вовлекување, кој го применувал кон мене, сега го применува кон неговиот нов коалициски партнер, а тоа е ДУИ. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата, за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети, ме критикува мене – рече премиерот Мицкоски.

За реконструкцијата и можните промени на ресорите, Мицкоски повтори дека за тоа ќе се дискутира во мај или во јуни.

Премиерот Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура. По тој повод во функција беше пуштена новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби.

Би можело да ве интересира

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме