Приведен е возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила.
– Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија Б.Л.(46) од Скопје. Тој, на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи возило „шевролет авео“ удрил во паркирано возило „хонда“ и паркирано возило „опел астра“. При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“
