В недела завршува зимското сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час нанапред

Од:

Летното сметање на времето почнува викенов, ноќта сабота кон недела во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 2, ќе биде 3 часот.

Тоа значи дека ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Би можело да ве интересира

Викендов почнува зимското сметање на времето

Потсетување за завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

А1он

Летно сметање на времето од недела 31 март

Горан Наумовски

Почна зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува викендов