Ројтерс: Иран сака мировниот план да го вклучи Либан и да ги запре нападите врз Хезболах

Од:

Иран им кажал на медијаторите дека Либан мора да биде вклучен во секој договор за прекин на огнот меѓу Иран и САД и Израел, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на неколку извори.

Изворите рекоа дека ова би можело да вклучува и запирање на израелските напади врз либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран. Еден од изворите рече дека Техеран ја разгледува мировната понуда на САД, иако војната трае речиси еден месец, но сè уште не ја отфрлил директно.

Неколку извори рекоа дека Техеран им кажал на медијаторите кон средината на март дека секој договор ќе мора да вклучува прекин на израелските напади врз Хезболах.

Би можело да ве интересира

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран