Отворена нова модерна експозитура на НЛБ Банка на локацијата „Универзална Сала“

Од:

Следејќи ги сoвремените трендови и потребите на клиентите, НЛБ Банка Скопје ја продолжува трансформацијата на својата деловна мрежа. Вчера попладне, беше отворена новата модерна експозитура на локацијата „Универзална Сала“, во непосредна близина на претходниот објект. Експозитурата која сега се наоѓа на Бул: „Партизански Одреди“ бр. 47 е простор со современ концепт и унапредена функционалност, креиран да одговори на денешните потреби на клиентите – побрзо, поедноставно и поудобно.

Во присуство на своите колеги и вработените во експозитурата, новиот објект официјално го отворија Претседателката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Хевдика Усеник и Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски заедно со Алеш Ипавец, Заменик Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Катерина Јанковиќ, Член на Управниот одбор на Банката.

На отворањето, Претседателот Стојановски истакна: „Продолжуваме со модернизација на експозитурите како дел од ‘Стратегијата 2030’, подготвувајќи ги нашите експозитури за иднината. Додека секојдневното банкарство сè повеќе се одвива преку дигиталните канали, нашите експозитури се трансформираат во современи простори што овозможуваат персонализирана поддршка и стратешко советување, но и поудобни и подобри услови за работа. Преку интегриран пристап, нудиме сеопфатни финансиски решенија на едно место и поставуваме нови стандарди во банкарството.“ 

Претставниците на Надзорниот одбор, Хевдика Усеник и Алеш Ипавец изразија задоволство од новиот простор, но и од темпото со кое се одвива трансформацијата на деловната мрежа на Банката, и упатија искрени честитки до тимовите вклучени во процесот.

За потсетување, НЛБ Банка ја заврши минатата година со осум обновени експозитури, како дел од проектот за целосна трансформација на деловната мрежа до 2030 година. Новиот концепт на експозитурите на Банката е во рамките на пошироките напори на НЛБ Групацијата за модернизација и развој на продажната мрежа, со фокус на дигитализација и креирање современи банкарски простори што комбинираат технологија и персонализирана услуга.

Експозитурата го задржува досегашното работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот и со нетрпение ги очекува своите клиенти.

 

 

 

Би можело да ве интересира

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

А1он

НЛБ Банка Скопје со силни финансиски резултати за 2025 година – раст, иновации, стратешка трансформација и лидерство

А1он

Сите банкарски услуги во твојот телефон – со НЛБ мКлик сега можеш сè!

НЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината Во 2025 обновени осум експозитури на Банката

Социо-економско влијание на НЛБ Банка: 675 милиони евра додадена вредност во домашната економија и над 23.400 поддржани работни места

А1он

40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење