Израел воспоставува „безбедносна зона“ во Јужен Либан

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека земјата ќе воспостави и контролира „безбедносна зона“ во јужен Либан, до реката Литани, сè додека не се отстрани заканата што ја претставува Хезболах.

Кац рече дека израелската војска (ИДФ) продолжува со целосни операции против Хезболах и дека стотици илјади евакуирани жители на јужен Либан нема да можат да се вратат сè додека не се обезбеди безбедноста, објави „Тајмс оф Израел“.

„Каде што има терор и ракети, нема да има куќи и жители, а внатре ќе има ИДФ“, рече израелскиот министер. Според ИДФ, сите мостови што ги користи Хезболах за движење на оперативци и оружје се уништени, а армијата ги контролира преостанатите мостови и безбедносната зона. Војниците, исто така, лоцираа тунел на Хезболах и срушија други објекти што ги користи групата во планинскиот регион Дов.

Би можело да ве интересира

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор