Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, наводно се согласил да преговара со САД и да постигне договор, објави Ал Арабија, повикувајќи се на израелските медиуми.
Засега нема официјална потврда од Техеран. Исто така, не е јасно каква е здравствената состојба на новиот ирански лидер, бидејќи тој беше ранет во нападот во кој беше убиен и неговиот татко, претходниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Иранскиот министер за надворешни работи само потврди дека Хамнеи е ранет, додавајќи дека е безбеден и „оперативен“, додека бројни медиуми, повикувајќи се на свои извори, тврдат дека Хамнеи е сериозно ранет и дека не се знае кој всушност го води Иран.
Самиот Хамнеи ја даде својата изјава во писмена порака, кратко откако медиумите објавија дека е во кома, а секое следно обраќање што го упати беше писмено, поради што сè уште постојат сомнежи за неговата здравствена состојба.
Посебна „забуна“ создаде во понеделник американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека по преговорите со Иран, одлучил да го суспендира бомбардирањето на иранските енергетски објекти за пет дена, по што официјален Техеран издаде соопштение во кое се вели дека не разговарале со Трамп.
