Сијарто: Прислушувањето на мојот телефон е скандалозно мешање во изборите

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес ги опиша како „огромен скандал и сериозно мешање во изборниот процес“ тврдењата дека странски разузнавачки служби, со помош на унгарски новинар, ги прислушкувале неговите разговори, објави МТИ.

Сијарто на прес-конференција во Сарвар нагласи дека инцидентот е „напад врз суверенитетот на Унгарија“ и дека ги преминал сите граници, бидејќи новинарот соработувал со странски разузнавачки служби и имал врски со внатрешните кругови на опозициската партија Тиса.

„Секој што имал наивна илузија дека имало мешање од странски тајни служби во парламентарната изборна кампања во Унгарија, сега добил доказ“, рече тој, според унгарскиот весник „Немзет“.

Сијарто нагласи дека е на функцијата повеќе од 11 години и дека во тој период често се консултирал со странски колеги, нагласувајќи дека прислушувањето претставува директно мешање во унгарската изборна кампања.

Сијарто, исто така, додаде дека за време на седниците на Европскиот совет за надворешни работи „не се разменети големи тајни“ и дека дипломатската пракса отсекогаш вклучувала консултации со важни меѓународни партнери, вклучувајќи ги Русија, Турција, Израел и САД.

Според него, многу одлуки што влијаат на односите на Унгарија со земјите што не се членки на ЕУ се донесуваат на состаноците на Европскиот совет на министри за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Сијарто објави: МОЛ ја купува српска нафтена компанија пради поголема безбедност

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Сијарто: Тајно купуваат руска нафта, а нас нè критикуваат

Петер Сијарто: Ќе ги заштитиме нашите деца од родовата идеологија

Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена

Сијарто: Не ни треба дозвола од Брисел за какви било разговори со странство