Хуманитарната трка „Зегин Спектратон“ уште еднаш ги обедини граѓаните со една цел

Од:

Вчера Општина Аеродром по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух.

Повеќе од две илјади граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот – „Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите.

Од третото издание на трката „Зегин Спектратон – Трка на херои во сите бои” која е во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, вкупно ќе бидат донирани околу 50.000 евра од кои 18.000 евра беа собрани од котизациите на сите пријавени учесници, а Фондацијата Д-р Верица Механџиска дополнително ќе ги донира останатите средства со кои оваа година ќе бидат помогнати неколку здруженија и тоа:

Здружение Специјална Олимпијада – Македонија – Проект за инклузивни спортски активности за лица со нарушување од спектарот на аутизам и интелектуална попреченост.

Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ – Проект за поддршка на родители на деца со аутизам во процесот на остварување на права, обезбедување соодветни услуги и примена на алатки за асистивна технологија, алтернативна и аугментативна комуникација.

Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – Проект: Изградба и опремување на креативен центар за невродивергентни лица во Куманово.
Организаторите со гордост изјавија дека Зегин Спектратон станува сè попопуларен настан и изразуваат благодарност до сите граѓани и компании кои сè повеќе ја препознаваат и поддржуваат оваа иницијатива чија цел е да се помогне на лицата со аутистичен спектар.

Ваквите настани се показател дека општествената одговорност треба да биде важен сегмент на сите компании и поединци кои можат во голема мера да помогнат за подобрување на квалитетот на животот на оние на кои им е најпотребно.

Би можело да ве интересира

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донираа 14 болнички кревети на болницата во Штип

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

Зегин во духот на хуманоста и желбата за сплотеност повторно го поддржа големиот празник Богојавление (Водици)

Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин целосно опремија 2 кабинети за рана интервенција

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донира опрема на ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација

Фондацијата д-р Верица Механџиска обединува Херои во сите бои