Иран наплаќа такса од 2 милиони долари за премин низ Ормутскиот теснец

Од:

Иран наплаќа „такса од 2 милиони долари“ од некои бродови за премин низ Ормутскиот теснец, изјави денес на државната телевизија иранскиот претставник Алаедин Боруџерди.

Според него, во теснецот се воспоставува нов режим на управување бидејќи „војната има своја цена“, што, додаде тој, го покажува „авторитетот и правото на Исламската Република Иран“.

Иранскиот претставник Али Мусави појасни дека Ормутскиот теснец останува отворен за целиот поморски сообраќај, освен за бродови поврзани со „ирански непријатели“.

Тој додаде дека преминот низ тој тесен воден пат е можен со координација на безбедносните аранжмани со Техеран.

„Дипломатијата останува приоритет на Иран. Сепак, целосното прекинување на агресијата и меѓусебната доверба се поважни“, рече Мусави.

Тој додаде дека израелските и американските напади врз Иран „се во коренот на моменталната ситуација во Ормутскиот теснец“.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите