СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Од:

Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо.Спиралата на раст на цените на храната започна. По маркетите се започнати поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, основните производи стануваат луксуз, вели Симона Цветановски од СДСМ.

– Се најавува и ново покачување на цените на горивата. Потоа и да се стабилизираат цените на светските берзи цените во маркетите нема да се намалат. Поскапувањата се силен удар врз стандардот на народот. Зошто владата не презема ништо? Чека да се зголеми сиромаштијата, народот да нема за леб, да не може да се прехрани? Очигледно треба да профитира приватниот бизнис на ВМРО врз грбот на народот. 4,5 милиони евра повеќе, толку ги чини македонските граѓани ова намерно игнорирање на владата. Македонската економија со Мицкоски тоне, индустриското производство има пад од 9,4%, странските инвестиции се намалени за 61%. Се намалува бројот на вработени, се отпуштаат македонски работници за „економски работници“. Власта одби и да ја покачи минималната плата на 600 евра, оставајќи ги работниците сами да се справуваат со кризата. Сега не презема никакви мерки за да им помогне на граѓаните. Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки, само на владата на Мицкоски свесно не прави ништо. Очигледно намерно. Кој профитира? Бизнис мрежата на Мицкоски, порачуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски