Кларк: Иран е во безнадежна позиција

Од:

Израел веројатно сам го извршил нападот врз иранското гасно поле Јужен Парс, изјави поранешниот командант на НАТО, генерал Весли Кларк. Тој за Би-Би-Си њуз изјави дека работите се движат многу брзо во оваа војна и дека аналитичарите лесно можеле да пропуштат некои детали, објави Би-Би-Си њуз.

Според Кларк, Иранците мора да разберат дека „во моментов се во ќорсокак“ и дека мора да се постигне договор за запирање на големите инвестиции во балистички ракети и за регионалната безбедност.

„Со оглед на тоа како функционира човечкиот ум во конфликт, две и пол недели не е долго време, па претпоставувам дека ова ќе продолжи“, рече тој.

Кларк додаде дека лидерите на иранскиот режим мора да разберат дека „мнозинството од нивниот народ не ги поддржува и нема да ги поддржи“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски