СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Од:

Попладнево се одржа работен состанок на пратеничката група СДСМ. Во фокусот се предложените законски решенија на СДСМ за намалување на цените на горивата и храната во услови на криза. Недозволиво е цените да растат а владата да одбива да ги покачи платите и две недели да не презема никакви мерки да го заштити стандардот на граѓаните, велат од СДСМ.

– Растот на цените на горивата повлекува и раст на цените на основните прехранбени производи а тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата и пад на стандардот. СДСМ подготви законски решенија за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за горивата, понатаму намалување на акцизата за 4 денари, закон за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и закон за преполовување на цените на патарините, владата мора итно да ги прифати.

Пратеничката група на СДСМ останува посветена на интересот на граѓаните и ќе продолжи да се бори за поголеми плати за работниците и решенија за подобар животен стандард. Последната анкета покажуваат незапаметен пад на ВМРО токму поради разочарувањето кај граѓаните од лошата економска состојба, немањето никаков резултат, криминалот и корпцијата. Сега на сите им е јасно зошто за првпат таа анкета не е презентирана пред јавноста. Последната анкета покажува поддршка за СДСМ во борбата против криминалот и корупцијата и дека граѓаните ја препознаваат заложбата за враќање на европскиот пат на Македонија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме