Гондола утринава се урна во скијачкиот центар Енгелберг во кантонот Обвалден поради силни ветрови.
Видеата од очевидци, кои протекоа на „20 Minuten“ и „Blick“ го покажуваат ужасниот инцидент. Снимките покажуваат како гондолата се превртува неколку пати додека се тркала по снежната падина.
Властите го потврдија инцидентот, потврдија дека едно лице загина. Починатиот бил сам во кабината на гондолата, а несреќата се случила околу 11 часот наутро, пренесува Swissinfo.
„Мораа да се обидуваат да реанимираат едно лице 30 минути. Глетката беше шокантна. Дуваше силен ветер. Потоа се случи тресење и јажето се помести“, го опишува инцидентот очевидец на несреќата.
Друг очевидец изјави дека преку звучникот било објавено дека патниците во запрените гондоли се безбедни, дека сето тоа ќе потрае малку подолго и дека треба да останат смирени.
