Маскирано лице го запали „ренџ роверот“ на сопругата на Курто Дудуш

Од:

Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 3:50 часот e пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишнaта Ф.О., сопруга на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

– Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице, кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Изгореа пет возила во скопското село Батинци

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

(ВИДЕО) Жител на Кондово на соселанец му го опожари „мерцедесот“

Горан Наумовски

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Изгореа три автомобили во Аеродром

Горан Наумовски

Се запали полициско возило, двајца полицајци завршија на Токсикологија