Реал во проблем пред реваншот против Сити

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди, нема да игра против Манчестер Сити поради повреда на мускулот на десната нога, објави клубот од Мадрид.

„По тестовите што ги спроведе медицинската служба на Реал врз нашиот играч Ферлан Менди, му беше дијагностицирана повреда на бицепс феморис мускулот на десната нога“, објави Реал.

Менди (30) со тоа ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити во вторник.

Според најавите на шпанските медиуми, Французинот ќе се врати на теренот дури по репрезентативната пауза.

Менди одигра пет натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ

Мурињо: Еспањол не заслужи да загуби, ова беше победа со душа

А1он

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон