Андоновски: Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата

Од:

Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година.

– Убави вести денеска – македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс, напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук.

Во 2025 година, увозот на ИКТ услуги изнесувал 197 милиони евра, што, според него, значи дека нето ефектот за економијата е суфицит од 438 милиони евра.

– Најголемиот дел од извозот доаѓа од компјутерските услуги, кои достигнаа речиси 600 милиони евра. Овие резултати уште еднаш покажуваат дека ИКТ секторот станува еден од клучните двигатели на економскиот раст, извозот и технолошката трансформација на нашата економија, пишува министерот Андоновски.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Македонија засега без план за ограничување на социјалните мрежи за малолетници

Андоновски: Со бесплатен интернет и ваучери за електронски уреди го намалуваме дигиталниот јаз меѓу студентите

Андоновски: По осум години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија

Катерина Ѓуровски

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

До 2035 година Македонија целосно дигитализирана, најавува министерот Андоновски

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ