Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Од:

Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дел и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека определените мерки се на предлог барање од Основното јавно бовинителство.

Наставникот, како што информира претходно МВР, е лишен од слобода на 9 март, откако претходно добиле пријава дека вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи.

-На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – информираа од МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа од Обвинителство, веднаш поведе постапка, информирајќи дека во моментов интензивно се работи на прибирање докази. -Лицето е обезбедено со мерки на претпазливост – одземање на патна исправа, забрана за приближување до лица и забрана за преземање определени работни активности (односно забрана за работа), информира Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски