Синот на последниот шах на Иран, Реза Пахлави, денес ги повика Иранците да „ги напуштат улиците“ и да останат дома за сопствена безбедност.
– Драги сонародници, влегуваме во критична фаза од нашата последна борба. Ве молам што поскоро да се снабдите со основни залихи и, за ваша сопствена безбедност, да ги напуштите улиците и да останете дома, напиша Пахлави на X.
Тој исто така им порача да продолжат со штрајкот и да не се појавуваат на работа за да покажат солидарност, и да продолжат гласно да скандираат ноќе за да го покажат своето единство.
Пахлави и порача на војската и на безбедносните сили дека ова е нивната „последна шанса да се одвојат од репресивните сили и да му се приклучат на народот“.
Порано денес, началникот на иранската полиција, Ахмад Реза Радан, ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците за да протестираат против промената на режимот, велејќи дека оние што ќе учествуваат во протестите ќе бидат третирани како непријатели на државата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика Иранците да се кренат против раководството на земјата, во услови на тековните американско-израелски напади врз Иран.
„Повеќе нема да го сметаме за демонстрант секој што излегува на улица по барање на непријателот. Ќе го сметаме за непријател, а не за демонстрант, и ќе се однесуваме кон него како таков“, рече Радан на државната телевизија, објави денес Ројтерс.
Тој рече дека сите ирански „безбедносни сили го имаат прстот на чкрапалото“.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги повикува Иранците да го соборат раководството во Техеран, но исто така ги повикува да не излегуваат на улица, во услови на тековните американско-израелски напади
