Татко и син пронајдени мртви во гаража во близина на Бања Лука

Од:

Безживотни тела на таткото Н.Р. (51) и синот Љ.Р.(28) од Шушњар, во близина на Лакташи (Република Српска) беа пронајдени денеска, а на самото место беше пронајден и пиштол – соопшти Окружното јавно обвинителство на Бања Лука.

Според соседите, тие слушнале дека на семејниот имот се случи кривично дело, но сè уште не е познато кој прв го повлече чкрапалото врз кого.

„Не ми дозволија да се приближам. Знам само дека во тој момент татко и син биле во куќата. Не знаеме кој пукал во кого“, рекоа мештаните.

Соседите изјавија дека во куќата каде што се случи злосторството, двојката живеела со нивниот син, а жената наводно не била таму.

Еден сосед вели дека имал добрососедски односи со таткото и синот и дека младиот човек имал обичај да поминува кај него.

Обвинителството нареди обдукција за да се утврди точното време и причината за смртта.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Ќерката на шефицата на кабинетот на Белата куќа фотографирана со пушка во Република Српска

Додик дал многу пари на луѓе на Трамп пред изборите, открива „Њујорк тајмс“

Додик прогласи убедлива победа на СНСД на сите нивоа

Предраг Петровиќ

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

(ВИДЕО) Студенти од Србија нападнати во Вишеград: Непожелни се во Република Српска