Предупредување од Иранската гарда: Ги чекаме американски сили во Ормутскиот теснец

Од:

Иранската револуционерна гарда предупреди дека чека американските сили да ги придружуваат бродовите низ Ормутскиот теснец, стратешки воден пат каде што сообраќајот останува многу ограничен поради регионалната војна, пренесува АФП.

„Ги чекаме“, изјави портпаролот на гардата, Али Мохамад Наини, откако американскиот секретар за енергетика објави дека морнарицата се подготвува да ги придружува бродовите низ теснецот „штом тоа биде разумно“.

Препорачуваме Американците, пред да донесат какви било одлуки, да се сетат на пожарот врз американскиот супертанкер Бриџтон во 1987 година и на танкерите за нафта што неодамна беа цел, додаде Наини, објави новинската агенција Фарс.

Танкерот Бриџтон, споменат во заканата, беше миниран од страна на Иранската револуционерна гарда во 1987 година додека беше придружуван низ Персискиот Залив од страна на американската морнарица.

Би можело да ве интересира

Иран ја таргетираше американската база во Јордан

Нови напади во Ормутскиот теснец: Иран нападна два американски брода и осум танкери

САД уништија пет ирански танкери, Техеран возврати: „Напуштете ги бродовите во Кувајт и Бахреин“

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“