Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт-Раванчи, изјави дека Техеран ги информирал европските и другите земји дека тие ќе бидат легитимни цели на иранските напади доколку се приклучат на војната против Иран, на страната на САД и Израел.
– Техеран веќе ги информираше Европејците и сите други дека треба да бидат внимателни и да не се приклучат на оваа агресивна војна против Иран. Доколку која било земја им се придружи на САД и Израел во агресијата против Иран, таа ќе биде легитимна цел на иранска одмазда, рече Тахт-Раванчи во интервју за France24.
Тој потврди дека Иран напаѓа курдски групи во соседен Ирак, по извештаите дека ЦИА и Мосад ги вооружуваат групите.
„Доколку има потреба да се заштити нашиот суверенитет, ние дефинитивно ќе го сториме тоа“, нагласи Тахт-Раванчи.
