Путин: Итно да прекинат непријателствата меѓу Иран, САД и Израел

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин повика на итно прекинување на непријателствата меѓу Иран и САД и Израел.

Путин за време на телефонскиот разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика на прекин на употребата на сила за решавање на проблемите на Блискиот Исток и враќање на мировните преговори, објави РИА Новости.

Рускиот претседател, исто така, изрази сочувство за убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, членовите на неговото семејство, владини претставници и цивилните жртви.

Според РИА, Пезешкијан го информирал Путин за развојот на ситуацијата и му се заблагодарил за солидарноста на Русија со иранскиот народ.

Путин додаде дека е во постојан контакт со лидерите на земјите од Советот за соработка во Заливот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“