Бегеи: ЕУ не треба да се движи кон нацистичките начини на размислување

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес ја предупреди Европската Унија да не „се лизга“ во „историски, нацистички начини на размислување“ со поддршка на израелско-американските напади врз Иран.

Во објава на мрежата X, тој го осуди ставот на Германија и ги предупреди европските држави да не бидат соучесници во воени злосторства.

„ЕУ/Е3 некогаш играше клучна улога во меѓународната дипломатија, помагајќи во создавањето на JCPOA од 2015 година – значајно достигнување на европската надворешна политика кое беше торпедирано од оваа американска администрација“, напиша Багеи, осврнувајќи се на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, според Press TV.

Багеи додаде дека денес, под притисок од германскиот канцелар, некои земји-членки на ЕУ ризикуваат да бидат ставени на погрешната страна од историјата со тоа што се чини дека се соучесници во американско-израелските напади врз Иран.

„Унијата мора да се спротивстави на секој потег што потсетува на историскиот нацистички начин на размислување и наместо тоа да ја задржи својата посветеност на меѓународното право и правдата“, рече Багеи.

Би можело да ве интересира

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

ЦИА ги вооружуваа Курдите и подготвува бунт во Иран

„Њујорк Тајмс“: Иран тајно контактира со САД, Трамп се соочува со голем предизвик

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

„Епски бес“ уништи 2.000 цели кои се погодени за 100 часа

Иран: Подготвени сме за долга војна, сè уште не сме го употребиле најмоќното оружје