„Кориере дела Сера“: Иранската револуционерна гарда тврди дека уби 40 и рани 70 американски војници во базата во Дубаи

Од:

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ го објавува тврдењето на Иранската револуционерна гарда дека нејзините поморски сили убиле најмалку 40 американски војници во комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз американска база во Обединетите Арапски Емирати.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека повеќе од 70 американски војници биле ранети во нападот.

Револуционерната гарда не прецизираше кои конкретни поморски сили ги извршија нападите врз базата во Дубаи, во која се наоѓале повеќе од 160 американски војници.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

(ВИДЕО) Нападнат е финансискиот центар во Ријад