Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Од:

Единаесет романи останаа во конкуренција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Жири комисијата во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција ги одбраа 11-те романи што остануваат во трката за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа 46 романи. Во првата селекција беа одбрани 22 наслова.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Би можело да ве интересира

Tрката за „Роман на годината“ за 2025 година ја продолжуваат 22 романи

А1он

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

Распишан е конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година

Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“

Горан Наумовски