Шамхани: Ако САД не нападнат, ние ќе го нападнеме Израел

Од:

Советникот за одбрана на врховниот лидер на Иран Али Хамнеи и секретар на Советот за национална безбедност на Иран, Али Шамхани, предупреди дека Техеран е подготвен за потенцијална војна и ќе го нападне Израел во случај на напад од САД.

„Подготвени сме за можна војна. Ако САД нападнат, сигурно ќе го нападнеме и Израел. Непријателите се обидуваат да го проголтаат Иран, но тоа е невозможно, бидејќи тоа е залак што ќе им се заглави во грлото, бидејќи никогаш нема да успеат во тоа“, рече Шамхани во интервју за телевизискиот канал Ал-Мајадин, поврзан со Хезболах.

Коментирајќи ја безбедносната состојба, Шамхани рече дека Иран е подготвен за војна, но дека не бара конфликт, предупредувајќи дека секој напад врз Иран би довел до поширок регионален конфликт. Тој додаде дека во случај на напад од САД, одговорот би го вклучил и Израел, бидејќи, како што изјави, „двете земји не можат да се гледаат одделно“.

Шамхани рече дека Иран нема да се откаже од својата поддршка за движењата на отпорот во регионот и дека верува дека притисокот врз Техеран е последица на неговата улога во овој контекст. Тој нагласи дека преговорите со САД се можни само ако се напуштат заканите и притисокот и дека „проширувањето на преговорите на прашања освен нуклеарната програма не доаѓа предвид“.

Шамхани нагласи дека не постои можност за префрлање на нуклеарните залихи на Иран во странство, наведувајќи дека „нема никаква причина“ за тоа и дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво мирна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има прогрес во преговорите со САД, вели Аракчи

Венс: САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обновува својата нуклеарна програма

Хезболах: Нема да се мешаме ако САД извршат „ограничен“ напад врз Иран

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран