По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

Од:

Турските државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд добија по пет години казна затвор, бидејќи во мај 2025 година му помогнале на Кадир Кара во извршување на убиство, кое се случи во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Судечкиот судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова денеска ја објави пресудата за четворица обвинети за помагање во извршување на убиство.

-Судот ги осудува обвинетите Рамазан Аџет, Селахатин Арслан, Осман Метихан Кулдур како помагачи за сторено кривично дело убиство на казна затвор од по 5 години. Во изречената казна затвор на обвинетите, сите од Турција им се пресметува и времето поминато во притвор сметано од 5 мај 2025, па се додека притворот трае. Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш, кое започнува од денот на протерување на сторителот од територија на Македонија, а казната ќе се изврши по издржување на изречените казна затвор во траење од по 5 години – рече Недкова при изрекувањето на пресудата во Основниот суд во Штип.

Инаку, убиството се случи во кафуле во Штип, а убиецот Кадир Кара, кој призна вина е осуден на затворска казна од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници