На собраниска комисија не помина Предлог-законот за минималната плата

Од:

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, во прво читање, поднесен од пратеничкта група на СДСМ, како и предлогот на координаторот на оваа пратеничка група, Оливер Спасовски, за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засегнати страни за зголемување на минималната плата.

Со предложениот закон се бараше минималната плата во државава да изнесува 36.960 денари (600 евра) за периодот од март 2026 до март 2027 година.

Законот го образложи координаторот Спасовски, кој рече дека претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата што започна системски во 2017 година. Спасовски рече дека во изминатите две години растат цените на основните прехранбени производи, енергенсите, комуналните услуги и здравствените трошоци, а потрошувачката кошничка бележи континуиран раст.

– Во такви услови, иако постои законски механизам за усогласување на минималната плата и тоа 50 проценти од растот на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците на живот, реалноста покажува дека динамиката на поскапувањето ја надминува динамиката на законското усогласување. Најзасегнати од ова се граѓаните кај кои минималната плата е единствен извор на приход, рече Спасовски.

Пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ рече дека плата од 600 евра не е каприц туку дека е нормално да се зголеми, а „Владата да ги затвори системските дупки за да не се зголемуваат цените“.

Илире Даути од АА рече дека зголемување на минималната плата би требало да повлече и зголемување на просечната плата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Трајчулески: Минималната плата од 600 евра е прашање на достоинствен живот, не само бројка

(ВИДЕО) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците

ВИДЕО: Синдикалната кошница за два месеци го изеде покачувањето на минималната плата, пресмета ССМ

ССМ ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Патните трошоци на пратениците на месечно ниво се повисоки од минималната плата на еден работник, вели Пешевски