Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало врз еден од објектите во Удмуртија, во Русија, објавија регионалните власти.
Регионалниот министер за здравство Сергеј Багин изјави дека три лица се хоспитализирани со повреди од различен степен – две се во умерена состојба, а едно е во тешка, објави Интерфакс.
Уште осум повредени се прегледани и пуштени на амбулантско лекување.
Претходно, шефот на Удмуртија, Александар Бречалов, објави дека еден од објектите во областа бил нападнат со беспилотни летала, предизвикувајќи материјална штета и жртви.
