Техеран со остра порака до Вашингтон: Стоп за заканите со сила

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на конференцијата за разоружување во Женева изјави дека САД треба итно да се откажат од заканите за сила против Иран.

Аракчи претходно изјави по завршувањето на втората рунда индиректни разговори со САД, дека атмосферата на разговорите била „поконструктивна од претходниот пат“.

Тој нагласи дека за време на разговорите биле дискутирани посериозни теми и дека биле постигнати конкретни договори за клучните прашања.

Аракчи оцени дека ова е важен чекор кон постигнување опипливи резултати, но, како што изјави, „преговарачките тимови треба да продолжат да работат на клучните прашања и да разјаснат уште некои детали“.

Тој изјави дека разговорите ќе продолжат, без да прецизира точен датум. Додаде дека е потребно време „двете страни да ги приближат своите ставови“.

Иранската телевизија „Прес ТВ“ претходно објави дека разговорите биле фокусирани на нуклеарното прашање и укинувањето на американските санкции, додека форматот на разговорите го следел претходниот круг, одржан на 6 февруари во Мускат.

Иранската делегација ја предводеше Аракчи, со заменици за политички, правни и економски прашања, како и технички и правни експерти.

Би можело да ве интересира

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ

Три експлозии го потресоа островот Кешм во Иран, ракета погоди станбена зона

(ВИДЕО) Америка изврши одмазднички напади врз Иран

Горан Наумовски

Вашингтон ги заострува мерките кон Кина, Пекинг најавува контрамерки