Арагчи по разговорите со Американците: Постигнати се конкретни договори

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес, по втората рунда индиректни разговори со САД во Женева, изјави дека атмосферата била „поконструктивна од претходниот пат“.

Тој нагласи дека за време на разговорите биле дискутирани посериозни теми и дека биле постигнати конкретни договори за клучните прашања.

„Нашите очекувања се дека разговорите ќе се движат кон конкретни решенија, иако сè уште не сме постигнале конечен договор“, изјави Арагчи пред новинарите во Женева, според новинската агенција Тасним.

Тој оцени дека ова е важен чекор кон постигнување опипливи резултати, но, како што изјави, „преговарачките тимови треба да продолжат да работат на клучните прашања и да разјаснат уште некои детали“.

Тој изјави дека разговорите ќе продолжат, без да прецизира точен датум.

„Не е одредено конкретно време за следната рунда, а беше договорено двете страни да работат на текстовите, а потоа ќе се дефинира датумот за третата рунда разговори“.

Би можело да ве интересира

Азизи: Иран нема да се откаже од своите црвени линии

САД воведоа санкции против новото иранско тело за Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски

Ормутскиот теснец ќе биде управуван од Техеран и Мускат

Горан Наумовски

Америка повторно го нападна Иран, Техеран возврати со напад врз американска база

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико