Багеи: Иран влезе во преговори со САД со намера да постигне резултати

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи изјави дека Техеран влегол во индиректни разговори за својата нуклеарна програма со САД „сериозно, со добра намера“ и со намера да постигне резултати, и дека постои загриженост за „контрадикторни изјави“ од Вашингтон.

Багеи изјави за новинската агенција ИРНА дека останува да се види колку сериозна е другата страна во обидот да се унапреди „вистински дипломатски процес“, објави Прес ТВ.

„Тие испраќаат целосно неконзистентни сигнали и пораки, од кои ниту една не укажува на сериозност“, рече Багеи.

Багеи додаде дека Иран преговара „во атмосфера на целосна недоверба и скептицизам“ и дека не може да си дозволи да ги игнорира своите минати искуства „за момент“.

Иранските и американските делегации, предводени од министерот за надворешни работи Абас Аракчи и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф, ги продолжија индиректните разговори за иранската нуклеарна програма во Мускат на 6 февруари, со посредство на министерот за надворешни работи на Оман.

Вториот круг индиректни разговори меѓу Иран и САД се одржaa денес во Женева, со посредство на министерот за надворешни работи на Оман.

„На оваа рунда разговори, ќе бидеме присутни со комплетен тим – политички, правен, економски и технички. Присутни се сите експерти и претставници потребни за изразување ставови и донесување одлуки за различни аспекти на потенцијалниот договор“, рече Багеии.

Багеи ги отфрли медиумските извештаи и шпекулациите на социјалните медиуми за предлозите на САД, вклучително и привремена суспензија или строги ограничувања за збогатување на ураниум.

„Најдобриот опис за ваквите тврдења е „неосновани“. Нема да ги дискутираме деталите во медиумите. Деталите се дискутираат во преговарачката сала. Нашата позиција е јасна. Учествуваме во преговори што го почитуваат правото на Иран на мирна нуклеарна енергија, вклучително и збогатување“, рече Багеи.

Одговарајќи на сугестиите дека Иран можеби се обидува да купи време со преговорите, Багеи рече дека обвинувањето е „голема лага“.

– Времето е од суштинско значење за нас. Нашиот народ е под притисок на неправедни санкции, а логиката диктира да ги укинеме што е можно поскоро. Нема никаква корист за нас од продолжување на преговорите, заклучи Багеи.

Би можело да ве интересира

САД воведоа санкции против новото иранско тело за Ормутскиот теснец

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски

Ормутскиот теснец ќе биде управуван од Техеран и Мускат

Горан Наумовски

Америка повторно го нападна Иран, Техеран возврати со напад врз американска база

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Бајден го тужи Министерството за правда на САД