Во напорите за решавање на конфликтот во Украина, важно е да се слушнат и да се земат предвид многу различни гледишта, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
„Кога станува збор за војната и Украина, важно е да се земат предвид што е можно повеќе гледишта“, рече тој по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо.
Американскиот државен секретар истакна дека гледиштето на Братислава е условено од географската локација на земјата и нејзината историја и е многу важно, и затоа мора да се земе предвид.
„Го цениме вашиот придонес во овој поглед“, додаде Рубио, обраќајќи се кон Фицо и коментирајќи ги напорите на Словачка за решавање на украинскиот конфликт.
Словачкиот премиер ги поздрави напорите на американската администрација насочени кон што е можно поскоро решавање на конфликтот во Украина, кој, како што предупреди, може да се одолговлекува.
– Словачка е подготвена да помогне во унапредувањето на сите иницијативи што ќе доведат до крај на оваа војна, заклучи Фицо.
