(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е жива структура, која константно расте, се надоградува и развива. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија затоа што е отворена за нови идеи и нова енергија. И токму затоа, на првата седница на Извршниот комитет донесена е одлука за генерален реизбор на претседатели на 76 Општинските комитети, на претседател на Унијата на Ветерани, на Унијата на жени и на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е шанса и можност за илјадници членови и активисти на партијата кои имаат визија, цел, знаење да допринесат кон развојот на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија“ рече денеска во видео обраќање генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки.

Тој вели „потребни се луѓе со интегритет, кои ќе обединуваат, кои ќе го сплотат членството и кои одговорно и посветено ќе придонесат во креирањето на политиките. Политики кои значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. На овој повик можат да се пријават сите граѓани кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 19ти февруари, а јавниот повик е објавен на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ (https://vmro-dpmne.org.mk/%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8)“.

„И ова е одлична можност секој од вас да се приклучи и со визија, храброст и одговорност да делува во организацијата. Ова е можност за секој поединец кој дава максимален напор, енергија, искуство и посветеност, кој е правичен и може да ги води своите битки и да ги води своите браќа и сестри во нови победи. Ова е шанса за секој член кој сака активно да се вклучи во креирањето и носењето на одлуки. Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува. Сега е време да се вклучите и заеднички да делуваме!“ рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија