Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, поднесе оставка

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка.

Од РКЕ ја потврдија оставката на Бислимоски, но не соопштија детали за причините за нејзиното поднесување. Бислимоски ја извршуваше функцијата претседател на РКЕ речиси осум години.

Управата за финансиска полиција (УФП) пред две недели му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Бислимоски, според УФП, не постапил според Законот за енергетиката и не ѝ ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и таа е одземена дури во април 2025 годин, што ѝ овозможило на компанијата во тој период да оствари промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од речиси 229 илјади евра.

Бислимоски потоа на прес-конференција рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.

Би можело да ве интересира

Бислимоски смирува – санкциите без влијание врз „Лукоил Македонија“

Се бара решение за 550 вработени во Лукоил Македонија

Катерина Ѓуровски

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија

Ако Регулаторна ја одредува цената на водата, ќе се намалат загубите, вели Бисломовски

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Бислимовски: После одлуката на Уставниот суд може да дојде до поскапување на топлинската енергија