Миле Дукиќ, маж од Милвоки со српско потекло, е обвинет за убиство на својата сопруга, која наводно ја избоде повеќе од 20 пати, а потоа му испрати СМС-порака на нејзиното дете во која го признава злосторството.
Според обвинителите, полицијата реагираше во стан на Вест Нешнал Авенју откако детето на 44-годишната Аманда Вариско доби вознемирувачки пораки.
Кога полицајците пристигнаa, ја пронајдоа жената како лежи во несвест на подот од станот. Итните служби се обидоа да извршат кардиопулмонална реанимација, но таа почина на местото на настанот, објави Fox6. 39-годишниот Миле Дукиќ е обвинет за убиство од прв степен. Дукиќ наводно им рече на полицајците за време на апсењето: „Немав намера да го направам тоа“.
Дукиќ тврди дека тепачката избувна откако Аманда доби телефонски повик од друг маж и се обиде да го напушти станот.
Обвинителството тврди дека Дукиќ призна дека постојано ја удирал, а потоа ја прободувал со нож.
Обдукцијата покажа дека жртвата има 22 убодни рани во градите и стомакот, како и дополнителни повреди на рацете и дланките, што укажува дека се обидувала да се одбрани.
По нападот, Дукиќ, според истрагата, испрати порака до ќерката на жртвата во која напиша: „Ја убив твојата мајка, таа беше груба и зборуваше лошо со некој човек“.
Судските записи покажуваат дека во времето на убиството, Дукиќ веќе имал неколку случаи во тек против него во округот Милвоки, вклучувајќи случаи за прекршување на кауцијата и вознемирување.
Семејството на жртвата започна кампања за собирање средства за покривање на трошоците за погреб.
