ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Од:

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа предизвика вознемиреност кај жителите на Тетово и околината, а потресот беше почувствуван и во повеќе градови во земјава и регионот.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои е забележан моментот на земјотресот, кој во тетовскиот регион бил почувствуван со посилен интензитет.

Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, која ја одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 22:05 часот. Епицентарот се наоѓа на територијата на Косово, на околу 45 километри северозападно од Скопје, со локална магнитуда од ML 4,6.

Потресот бил почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје и околината интензитетот бил IV-V степени, додека во останатите делови од земјата изнесувал III-IV степени.

Земјотресот бил почувствуван и во Косово, Албанија и Србија.

Би можело да ве интересира

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мјанмар

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Горан Наумовски

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината