Русите фрлија бомба врз Славјанск, убија мајка и ќерка

Од:

Две лица загинаа, а седум се повредени во руски воздушен напад врз градот Славјанск во регионот Донецк, пишува „Украинска правда“.

Информацијата ја објави на Телеграм – Вадим Филашкин, началник на регионалната воена администрација на Донецк.

„Две лица загинаа, а седум се повредени во денешниот воздушен напад врз Славјанск“, рече тој.

Филашкин додаде дека мајката и нејзината 11-годишна ќерка се убиени. Меѓу повредените е и седумгодишно девојче. Точниот број на жртви и обемот на штетата сè уште се утврдуваат.

„Секој ден за регионот Донецк е обележан со нови воени злосторства извршени од Русите. Нападите врз мирни градови, домови и деца се акти на терор што не можат да се оправдаат“, рече Филашкин.

Службите за итни случаи и тимовите за итни интервенции се на местото на настанот.

Властите продолжуваат да ја проценуваат целосната големина на штетата.

Би можело да ве интересира

Украина погоди поморска база длабоко во Русија

А1он

Осуммина повредени во напад со руски дрон врз Черниговската област во Украина

А1он

ОН: Најмалку 15.850 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

А1он

Путин еднострано прогласи прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај

А1он

Украина првпат го гаѓаше рускиот град Екатеринбург

А1он

Руски дрон уби Украинец за време на велигденското примирје

А1он