Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Од:

Полициски службеници го уапсија О.В.(38) од Струмица. Тој е осомничен дека на 6.2. и 7.2.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица.

Откако едно лице им се јавува на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице, успеал да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, a О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувал измамникот и ги преземал парите од жртвите, тврди полицијата.

– При апсењето кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. СВР Струмица уште еднаш апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица, која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари на непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција

Уапсени се две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити

Хрватското обвинителство поднеде обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он