Судски извршител по налог на Килијан Мбапе ја посетил управата на Пари Сен-Жермен, објави францускиот спортски весник „Л’Екип“. Причината е наводниот долг на клубот кон поранешниот фудбалер, кој изнесува 5,9 милиони евра и се однесува на неисплатени надоместоци за одмори.
Според информациите, извршителот му доставил официјално барање за исплата на ПСЖ, откако клубот не ги подмирил финансиските обврски кон Мбапе по неговото заминување во Реал Мадрид.
Потсетување, во декември 2025 година париски суд донесе пресуда со која му наложи на ПСЖ да му исплати на Мбапе околу 61 милион евра обештетување, но клубот досега одбива да ја реализира одлуката.
Доколку ПСЖ не постапи по налогот, судот може да одобри заплена на имот на клубот во рок од осум дена, а извршителите ќе имаат право директно да ги наплатат средствата од банкарските сметки на клубот.
Пари Сен-Жермен има рок до 19 февруари да поднесе жалба на пресудата.
