УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Од:

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег.

Како што најавува УХМР, поради продор на постуден воздух в понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Ќе дува слаб до умерен, а в среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе биде променливо облачно.

Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Би можело да ве интересира

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град