Планот на италијанската влада да премести една третина од затворениците со висок ризик „41бис“ во Сардинија предизвика загриженост кај локалното население и службените лица.
Вкупно 750 затвореници кое се чуват со максимална безбедност треба да бидат сместени во неколку објекти низ Италија, а островот ќе добие значителна квота, вклучувајќи ги градовите Нуоро, Каљари и Сасари, објави Ројтерс.
Гувернерката на Сардинија, Алесандра Тоде, изрази загриженост дека островот би можел да ја добие стигмата „италијанска Кајена“, што се однесува на поранешната казнена колонија Француска Гвајана.
