ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња.

Новиот состав на ИК ќе треба да има 29 члена. Мицкоски рече дека ќе побара од ЦК да се донесе одлука за распишување избор на нов претседател на Унијата на ветераните, Унијата на младите и на Унијата на жените. Очекува од 20 до 25 проценти од составот на ИК да бидат нови луѓе од партијата.

Мицкоски рече дека првиот состанок со новиот состав на Извршниот комитет планира да се одржи следната недела кога би се донела одлука за генерален реизбор на општинските комитети на партијата.

Би можело да ве интересира

Уште нема одговор на барањето за средба од Софија

А1он

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот