Мицкоски: Очекувам деновиве МВР да излезе со десетици тони запленети недозволени средства

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека случајот со петте тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, е сериозен случај и оти очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

– Тоа е еден сериозен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада која ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда дека на тој начин ќе станат милионери, дека се ќе биде поинаку, економска трансформација. Тоа беше практично економската политика на владата на СДСМ и ДУИ. Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Уште нема одговор на барањето за средба од Софија

А1он

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот