Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Од:

Припадници на Управата за криминалистичка полиција о уапсија М.С. (32), осомничен за фрлена бомба во куќата на пејачот Здравко Чолиќ.

На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа со наредба на Вишото јавно обвинителство.

Бомбата e фрлена во дворот на куќата на пејачот и никој не e повреден, но е предизвикана материјална штета.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ издаде соопштение во врска со апсењето на мажот (33) осомничен за фрлање на бомбата врз куќата на Здравко Чолиќ.

Дачиќ изјави дека припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за полиција на град Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Агенцијата за безбедност и информации, уапсија едно лице под сомнение за сторено кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозиви и предизвикување општа опасност во соизвршителство, додека по второто лице се трага.

„Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за полиција на град Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информатичка агенција, го уапсија С.М. (1993), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозиви и предизвикување општа опасност во соизвршување. Постојат основи на сомнение дека С.М., заедно со друго лице по кое се трага, на 3 февруари оваа година околу 4:52 часот наутро, дошле во семејната куќа на оштетениот во Дедиње, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот, предизвикувајќи материјална штета. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Белград, со кривична пријава“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Фрлена бомба во куќата на Здравко Чолиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Закана за поставена бомба во градското Собрание на Загреб: Томашевиќ нема да го доживее утрото

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром